Достапни линкови

Руската кошаркарска федерација е суспендирана од страна на управниот орган на ФИБА, ставајќи го под прашање учеството на репрезентацијата на Олиимписките игри во 2016 година. Федерацијата соопшти дека ФИБА ги дисквалификува од натпреварување, повикувајќи се на недостаток на „единство и стабилност“ и поради неможноста да „реши долготрајни институционални и правни прашања.“ Ако се одржи суспензијата, тоа ќа ја задржи репрезентацијата надвор од Европското првенство во септември, како и од натпреварувањето за Олимпијадата. „Учеството на Русија на Европското првенство на есен и на Олимписките игри во 2016 година, е под вистинска закана“, изјави почесниот претседател на федерацијата Сергеј Чернов. „Сите треба да размислуваме како да најдеме начин да излеземе од оваа ситуација.“ Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија Александар Жуков, изјави дека руската кошаркарска федерација „треба итно да одржи избори“ и да формира „легитимно управување“, вклучително и нов претседател кој ќе биде признат од страна на ФИБА. Руската кошаркарска федерација има шанса да ја поништи суспензијата на состанокот на ФИБА во Август.

XS
SM
MD
LG