Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Власта да ги обесштети хонорарците


СДСМ на прес-конференција денеска побара власта да ги обесштети сите граѓани кои досега уредно си ги плаќаа наметнатите придонеси за хонорарците. СДСМ го повика Уставниот суд да се произнесе дека овие законски измени беа противуставни. Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Мила Царовска, вели дека “заедно со граѓаните, во изминатите 7 месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот владин потег го потврди тоа.“ На ова реагираше владеачката ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека СДСМ се обидува да изигрува лажен душегрижник за законски измени од кои нема штета по корисниците на хонорари. Во реакцијата наведува дека со овој закон во изминатиот период се овозможувало социјална сиугурност, здравствено и пензиско осигурување на голема група лица кои работат за хонорар.

XS
SM
MD
LG