Достапни линкови

Едно лице убиено во напад во Бодрум


Едно лице е убиено во близина на турското летувалиште Бодрум, откако непознато маскирано лице отворило оган врз група луѓе во хотел, јавува Анадолија. Маскираното лице пукало врз луѓето додека се одмарале во градината во еден хотел во реонот Датча, во близина на одморалиштето Бодрум на југозападот на Турција.Во нападот повредени се две лица. Полицијата трага по напаѓачот, а се уште нема информации дали се работи за терористички напад.

XS
SM
MD
LG