Достапни линкови

Украина почнува истрага против француски пратеници


Полуостровот Крим.

Полуостровот Крим.

Украина започна истрага за неодамнешната посета на француските пратеници на анектираниот Крим. Истрагата беа соопштена од страна на украинскиот пратеник Хеорхиј Лохвински, кој денеска на интернет објави официјално писмо од канцеларијата на јавниот обвинител, потпишано од заменикот јавен обвинител Анатолиј Матиос. Во писмото се вели дека истрагите биле отворени за „нелегално влегување и излегување од украинската привремено окупирана териториј“, од страна на француските пратеници. На 23 јули десет пратеници од националното Собрание на Франција го посетија Крим, кој Русија насилно одзема од Украина во март 2014 година и потоа го анектираше откако спроведе нелегален референдум. Француските пратеници во однос на нивната посета рекоа дека нивната цел била „да разберат како луѓето таму живеат“ и „да се спротивстават на дезинформациите на европските медиуми“ за руското меѓународно непризната анектирање. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус рече дека е „шокиран“ од посетата од страна на западните државници откако Русија го анектираше полуостровот. Фабиус исто така ја осуди посетата на делегацијата како кршење на меѓународното право. Украинскиот министер за надворешни работи го нарече патувањето „нееодговорно“ и дека е може да им се изрече забрана за влез на француските пратеници.

XS
SM
MD
LG