Достапни линкови

Одложени мировните преговори меѓу Кабул и Талибанците


Министерството за надворешни работи на Пакистан денеска соопшти дека се одложени мировните преговори за 31 јули меѓу авганистанската Влада и претставниците на Талибанците, поради извештаите за смртта на талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар. Во денешното соопштение Исламабад потенцираше дека вчерашното објавување на Кабул за смртта на Мула Омар резултираше со „несигурност“ и дека тоа е причината за одложувањето на втората рунда разговори „на барање на лидерите на авганистанските Талибанци.“ Денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пакистан, Кази Халилула, излезе со прва официјална изјава за смртта на талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар, велејќи дека Исламабад не може ниту да ги потврди ниту да ги отфрли извештаите. Тој рече дека пакистанските власти се уште ја истражуваат изјавата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, дека Омар умрел од болест во 2013 година во болница во пакистанскиот северен град Карачи.

XS
SM
MD
LG