Достапни линкови

Жртви во судири во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Официјални безбедносни лица во Пакистан соопштија дека најмалку двајца пакистански војници и тројца пакистански милитанти на Талибанците се убиени денеска во судир кај контролен пункт во немирната провинција Кибер Паштунква. Властите велат дека вооружената борба почнала кога група од околу 10 милитанти од групата на пакистанското талибанско движење Техрек-е Талибан, пред зори го извршила нападот во областа Бану на периферијата на северозападната. Локалните официјални претставници од Бану го потврдиле нападот и дека има жртви. Судирот се случува две недели откако талибански бомбаши самоубијци облечени во бурки, дрско нападнаа полициска станица во Бану повредувајќи четири полицајци. По нападот властите ја зајакнаа безбедноста во оваа област. Во јуни 2014 година, армијата на Пакистан почна голема офанзива против упориштата на Талибанците и другите милитанти во племенската област Северен Вазиристан.

XS
SM
MD
LG