Достапни линкови

Пакистан без потврда за смртта на Мулах Омар


Министерството за надворешни работи на Пакистан денеска излезе со прва официјална изјава за смртта на талибанскиот лидер Мулах Мохамед Омар, велејќи дека Исламабад не може ниту да ги потврди ниту да ги отфрли ваквите извештаи. Изјавата беше дадена од страна на портпаролот на министерството за надворешни работи Кази Халилула, на прес-конференција во Исламабад. Тој рече дека пакистанските власти се уште ја истражуваат изјавата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, дека Омар умрел од болест во 2013 година во болница во пакистанскиот северен град Карачи. Националниот директорат за безбедност во Авганистан, преку соопштение вели дека Мулах Омар умрел во болница во Карачи во „мистесриозни околности“. Халилула не коментираше дали мировните преговори меѓу претставниците на Талибанците и авганистанската Влада закажани во Пакистан на 31 јули, ќе се спроведат според планираното, по објавувањето на смртта на Мулах Омар.

XS
SM
MD
LG