Достапни линкови

Легализација на дивоградбите крај езерата - амнестирање криминал


Екологистите се против легализација на дивоградбите во заштитените подрачја. Урбанистите пак велат дека на овој начин се амнестира криминалот.

Сите дивоизградени од мали куќички до луксузни вили покрај природните езера во заштитниот крајбрежен појас на вештачки езера и речни корита, ќе добијат документи за сопственост. Ова е дел од новиот предлог измени на законот за бесправно изградени објекти. Со овие измени кои денеска ги разгледуваат пратениците на собраниска комисија, се предвидува да им се одземат ингеренциите на Министертвото за животна средина и просторно планирање.

Дури еве да кажам како порадикален екологист, јас би презел мерки за отстранување на тие објекти и расчистување на тие зони. Се што е настрана од семејна куќа не треба да биде предмет на легализација и треба да биде исчистено од просторот.

Причина за тоа е што Mинистертвото најчесто не дава позитивно мислење за утврдување на правен статус на објектите кои се наоѓаат во заштитниот појас, а тоа се објекти кои се изградени пред подолг временски период е наведено во предлог измените на законот. Екологистите сметаат дека заштитените области не треба да бидат предмет на одобрување на легализација на дивоградби кои го оптоваруваат тој простор и законски регулираното заштитено подрачје треба да остане такво- заштитено.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријата за заштита на Охриско Езеро, вели дека во законот треба да биде прецизно наведено за кои објекти се однесува законот, за да не се случат злоупотреби, односно дека законот ќе се однесува само за семејни куќи.

Од оваа формулација, тие практичнио сакаат да ги легализираат оние објекти кои им пречат со својата бесправност, им пречат во реализација на јавните добра, како што што се коридори на пример. Тоа може да биде и условно речено и бензиска пумпа која што е потполно бесправна која е во коридорот.

„Дури еве да кажам како порадикален екологист, јас би презел мерки за отстранување на тие објекти и расчистување на тие зони. Се што е настрана од семејна куќа не треба да биде предмет на легализација и треба да биде исчистено од просторот.“

Пановски додава дека во Албанија од другата страна на езерото заштитниот појас е исчистен од дивоградби. Според предлагачите проблемот со легализација на куќите ќе го решат жителите на населените места Трпејца, Пештани, стариот дел на Охрид, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското Езеро, како и населените места покрај Преспанското и Дојранското Езеро. Во текот на денот се очекува Министертвото за животна средина да излезе со став, околу овие законски измени со кои им се одземаат дел од нивните урбанистички ингеренции.

Од друга страна во измените на законот се предвидува легализација и на објекти кои се наоѓаат на земјиште на кое општината предвидела во урбанистичкиот план изградба на улица. Тоа ќе значи дека по стапување на сила на законот, надлежните ќе треба да го поништат одбиеното барање за легализација, и да го легализираат објектот, ако до тогаш објектот не е отстранет.

„Од оваа формулација, тие практичнио сакаат да ги легализираат оние објекти кои им пречат со својата бесправност, им пречат во реализација на јавните добра, како што што се коридори на пример. Тоа може да биде и условно речено и бензиска пумпа која што е потполно бесправна која е во коридорот“, вели Мирослав Грчев, професор за урбанизам на Архитектонскиот факултет. Тој додава дека еден од проблемите со законот за легализација на бесправно изградените објекти е што се амнестира криминал.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG