Достапни линкови

logo-print

Експлозија во близина на СВР-Скопје, нема повредени


Во близина на зградата на СВР-Скопје во скопски Аеродром се случила силна детонација околу 15 минути по полноќ. Нема повредени лица, оштетени се прозорски стакла и три возила. Помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски изјави деканепознат сторител дошол во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи во Скопје и фрлил експлозивна направа која експлодирала на работ од тротоарот на паркингот во близина на објектот. Непознатиот сторител откако ја фрлил експлозивната направа избегал, наведува Котевски, додавајќи оти според првичните сознанија, најверојатно станува збор за рачна бомба.

XS
SM
MD
LG