Достапни линкови

Одлуката за укинување на Законот за хонорарци е популистичка мерка велат засегнатите. Владата не ги слушаше граѓаните кога го воведуваше, а не ги запазува роковите ни кога го укинува.

Собирање на политички поени и манипулација на јавноста е укинувањето на законот за хонорарци, кое ќе стапи на сила на 1 август, велат засегнатите. Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека се укинува мерката бидејќи сега има други мерки со кои на работниците им се плаќаат придонесите, како што е проектот „Македонија вработува“. Претседателот на синдикатот за култура Виктор Илиески, вели дека законот направил огромни штети во културата и сега кога се најавуваат избори одлуката за неговото укинување е политичка.

Мое мислење е дека, посебно за мојата бранша културата ова е чисто собирање на политички поени кога веќе се најавени изборите и чиста политичка фарса.

„Мое мислење е дека, посебно за мојата бранша културата ова е чисто собирање на политички поени кога веќе се најавени изборите и чиста политичка фарса“, вели Илиески.

Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет за човековите права вели дека одлуката на Владата е популистичка и не ја смета за сериозна најавата на Ставрески дека од 1 август ќе се укине мерката, бидејќи временскиот рок за нејзиното повлекување не може да се запази.

„Оттука сметам дека се работи само за манипулација на јавноста за некаков обид за собирање на поени и чисто популистичка мерка заради актуелната политичка криза. На овој начин само се прави едно замачкување на грешката која ја направи тогашната Влада без повторно обзир за граѓаните кои што беа принудени да плаќаат придонеси без притоа да можат да ги практикуваат своите права“, вели Голубовска.

Јас имам надеж дека лагата сепак ќе биде препознаена како таква и дека ова е само уште една популистичка мерка.

Таа додава дека Владата со ова сака да добие симпатии кај граѓаните кои беа опфатени со законот за хонорарци, односно околу 100 илјади од нив што е сериозна бројка.

„Меѓутоа јас имам надеж дека лагата сепак ќе биде препознаена како таква и дека ова е само уште една популистичка мерка за која што не треба прерано не може да се радуваме затоа што според искуството од порано може да имаме изненадени со некое друго решение“, додава Голубовска.

Хонорарците одржаа неколку протести против законот, а поднесоа и претставка за утврдување на неговата неуставност. Досега Уставниот суд воопшто не се произнесе по претставката.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG