Достапни линкови

Можеби најдени делови на авионот на Малезија ерлајнс


Дел од авионско крило што вчера бил пронајден на еден остров на Индискиот океан би можело да биде од Боингот 777 на Малезија ерлајнс што мистериозно исчезна на 8 март минатата година. Делот е пронајден кај градот Сент Андре на францускиот остров Реунион. Во тек е истрага и засега нема податоци врз основа на кои со сигурност може да се каже дека делот во должина од два метра му припаѓал на исчезнатиот авион. Експертот за воздухопловна безбедност Гзавие Тителман изјави дека постои неверојатна сличност, но оти за неколку денови јавноста ќе добие дефинитивен одговор дали остатокот бил дел од Боингот кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна над Јужното кинеско море.

XS
SM
MD
LG