Достапни линкови

Не само специјален обвинител, ќе треба и специјален суд?


Јавно обвинителство на Република Македонија.
Јавно обвинителство на Република Македонија.

Треба да се формира нов судски оддел во кој ќе се процесуираат сите случаи кои ќе бидат поведени од специјалниот јавен обвинител, вели професор Мерсим Максути.

Околу месец и половина до крајниот рок до кој партиите треба да го назначат специјалниот јавен обвинител постојат низа непознаници за неговата работа. Конкретно во договорот од 15 јули се наведува дека до 15 септември ќе има нов специјален јавен обвинител со целосна автономија да води истраги што се во врска и што произлегуваат од прислушувањето на комуникациите.

Се мора да биде однапред предвидено и добро уредено вклучително и да се допрецизира или да се дополни законот ако е неопходно и таму да се постави новото јавно обвинителство, затоа што не може целата работа да ја работи само еден човек значи тој мора да има екипа.
Слаѓана Тасева, универзитетски професор.

Професорката Слаѓана Тасева вели дека во договорот од Пржино многу малку е прецизирано за работата на специјалниот јавен обвинител и дека многу им престои на работните групи.

„Се мора да биде однапред предвидено и добро уредено вклучително и да се допрецизира или да се дополни законот ако е неопходно и таму да се постави новото јавно обвинителство, затоа што не може целата работа да ја работи само еден човек значи тој мора да има екипа. Како ќе биде буџетирано тоа, линијата на одговорност и координација да се воспостави подиректно и поконкретно со парламентот, избегнување на двојството со обвинителот Зврлевски. Значи мора сето тоа добро да се осмисли за да се избегнат можни нејаснотии“, вели Тасева.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Според професорот Мерсим Максути не е доволно само назначувањето на специјалниот јавен обвинител, туку тој оди и понатаму, па смета дека се потреби и промени во судството за да бидат процесуирани случаите докрај.

Поточно мислам според нашиот систем на судовите и околностите треба во Основниот суд Скопје 1 треба да се формира нов оддел во кој ќе се процесуираат сите случаи кои ќе бидат поведени од специјалниот јавен обвинител и потоа и во Апелациониот суд да се формира некаков сличен оддел.
Мерсим Максути, универзитетски професор.

„Поточно мислам според нашиот систем на судовите и околностите треба во Основниот суд Скопје 1 треба да се формира нов оддел во кој ќе се процесуираат сите случаи кои ќе бидат поведени од специјалниот јавен обвинител и потоа и во Апелациониот суд да се формира некаков сличен оддел“, вели Максути.

Надежите на опозицијата пак се и дека случаите Монструм, А1 телевизија и неколку други кои произлегуваат од прислушуваните материјали што ги поседуваат ќе одат кај тој обвинител и ќе биле процесуирани од независни институции.

„Случаите што веќе се процесуирани како Монструм, А1 телевизија не верувам дека ќе можат да му бидат дадени на специјалниот јавен обвинител затоа што тие се веќе во судска постапка. Во однос на сè друго што ќе произлегува од таму, оти овие разговори се само индиции верувам дека ќе произлезат уште многу дејствија“, вели Тасева.

И eвроамбасадорот Аиво Орав во интервју за Македонската радио телевизија рече дека има многу критични прашања во договорот што партиите можеле да ги протолкуваат на различни начини, при што едно од нив е, како што додаде, специјалниот обвинител.

„Се надевам дека партиите ќе најдат решение самите, но ако има потреба, можеме да помогнеме повторно“, рече Орав, според кого, друго критично прашање може да биде назначувањето на нов министер за внатрешни работи.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG