Достапни линкови

Саборот одлучи Хрватска излегува од арбитражата


Хрватскиот сабор денеска едногласно ја поддржа Владата во намерата да почне постапка за престанок на Спогодбата за арбитража со Словенија во граничниот спор за Пиранскиот залив, бидејќи, како што заклучи, Љубљана битно ги повредила неговите одредби.

Пратеничките клубови се согласиле во оценката дека арбитражната постапка е дискредитирана и контаминирана, односно дека е нарушена довербата во работата на Арбитражниот суд, но дека ексцесите како овој не можат да го менуваат пријателството меѓу хрватскиот и словенечекиот народ.

Одлуката на Саборот дојде откако во Арбитражниот суд беше откриено дека словенечкиот судија Јернеј Секолец и претставничката на словенечкото Министерство за надворешни работи Симона Дреник договарале изнесување аргуменати во лобирањето кај другите судии Словенија да добие две третини од Пиранскиот залив.

XS
SM
MD
LG