Достапни линкови

logo-print

Официјален Авганистан ја потврди смртта на Мула Омар


Аганистанската влада соопшти дека талибанскиот лидер Мула Мохамад Омар е мртов, во официјалното соопштение испратено до медиумите. Во соопштението се додава дека сега е поплочен патот за мировните разговори меѓу авганистанските власти и талибанците. Владта ги повика сите вооружени опозициски групи да ја искористат можноста и да се приклучат на мировниот процес.

Претходно портпаролот на Агенцијата за разузнавање на Авганистан соопшти дека талибанскиот лидер Мула Мохамад Омар е мртов. Абдул Хасиб Седиги, портпарол на Националниот директорат за безбедност на Авганистан, за Радио Слобеден Авганистан изјави дека Мула Омар бил болен и починал во болница во пакистанскиот град Карачи пред две години и четири месеци.

Се уште нема реакција од страна на Талибанците во Авганистан за смртта на Мула Омар. Официјалниот портпарол на талибанците во неколку наврати ги негираше претходните извештаи за смртта на Мула Омар. А нема ни реакција од Пакистан.

XS
SM
MD
LG