Достапни линкови

Турција да продолжи со мировните преговори со Курдите


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и претседателот на ирачките Курди Масуд Барзани се согласиле дека Турција мора да продолжи со мировниот процес и покрај зголемувањето на насилството, соопштија од германското министерство за надворешни работи. Штајнмаер и Барзани денеска разговарале по телефон и се согласиле дека ПКК и Турција мора да продолжат со мировниот процес, и дека ескалацијата им служи само на екстремистите. Денеска парламентот на Турција, одржа вонредна седница, на барање на опозицијата за да се разговара за воздушните напади врз милитантите на Исламската држава и на ПКК, како и за повикот на Ердоган да им се одземе имунитетот на пратениците поврзани со милитантите.

XS
SM
MD
LG