Достапни линкови

Поддршката за филмската уметност послаба отколку во минатото


На времето државата сигурно имала поголем удел во помош во финансиски средства и во една потпора да се снима едно дело, вели актерот Емил Рубен.

Познатиот македонски актер Емил Рубен кој годинава одбележува 60 години од својата актерска дејност вели дека во минатото државата имала многу поголем удел во помош на филмските проекти. Вели дека и денес државата не финансира снимање на филмови, но оти во поранешната држава можностите биле поголеми.

Бевме една поголема држава, а можностите во една поголема држава беа поголеми за соработка. Филмот мал човек беше филм кој е снимен во соработка со две филмски куќи. Денес е многу тешко да се организира тоа. Денес има фондови но тоа е многу тешко.

„На времето многу сериозно, а и сега сериозно се подготвуваат филмските проекти. На времето државата сигурно имала поголем удел во помош во финансиски средства и во една потпора да се снима едно дело. Има филмови во кои учествувале армии, војници, авијации, но и во други филмови во кои тоа не било потребно имале некоја потпора. Финансира државата не викам дека не. Бевме една поголема држава, а можностите во една поголема држава беа поголеми за соработка. Филмот Mал човек беше филм кој е снимен во соработка со две филмски куќи. Денес е многу тешко да се организира тоа. Денес има фондови но тоа е многу тешко“, вели актерот Емил Рубен.

Рубен вели дека Македонија располага со одлично обучени кадри за правење на филмови.

Јас како претставник на ЕУРИМАЖ за Македонија во последните две три години бележам зголемување на македонски проекти кој аплицираат и кои успеваат да направат европски копродукции и аплицираат во тој европски филмски фонд и добиваат поддршка.

„Ние за жал не снимаме доволно филмови. Се истрошува таа организација ако имаме еден проект и ако во тој проект има некој проблеми кои се врзани со други работи, луѓето се осипуваат, па е тешко потоа да ги собереш за друг проект. Не иде еден по еден проект, туку има пауза од еден до друг проект. Тука е проблемот е сега.“

Директорката на Кинотека на Македонија Мими Ѓорговска-Илиевска, вели дека за разлика од порано состојбата со филмската дејност во Македонија била многу подобра.

„Имајќи предвид дека до 90-те години во рамките на македонската кинематографија се снимале еден до два долгометражни играни филмови и дека во последните десет години бројот на новите филмски продукции е многу поголем, односно повеќе од пет во една година зборува за поддршката која филмските автори ја добиваат од Агенцијата за филм. Јас како претставник на ЕУРИМАЖ за Македонија во последните две-три години бележам зголемување на македонски проекти кој аплицираат и кои успеваат да направат европски копродукции и аплицираат во тој европски филмски фонд и добиваат поддршка“, вели таа.

Ѓорговска вели дека развојот на македонската кинематографија оди во позитивна насока. Емил Рубен во Охрид во рамките на Охридско лето имаше претставување на дел од својата филмска кариера.

XS
SM
MD
LG