Достапни линкови

logo-print

Платини ќе се кандидира за претседател на ФИФА


Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини денеска ги потврди најавите дека ќе се кандидира за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Донесов одлука да се кандидирам за претседател на ФИФА. Сметам дека оваа организација треба да сврти нов лист. Се чувствувам подготвен да ја предводам ФИФА. Има периоди во животот кога судбината е во сопствените раце, а јас сум во еден од тие клучни моменти во мојот живот, кога треба да се одреди иднината на ФИФА“, изјави Платини.

Кандидатите за претседател на ФИФА имаат рок до 26 октомври да ги поднесат своите апликации, а изборите се закажани за 26 февруари 2016 година.

Сегашниот претседател на 29 мај доби петти мандат на местото прв човек на ФИФА, за четири дена подоцна да ја најави својата оставка поради корупцискиот скандал и апсењето на седум високи функционери на организацијата.

XS
SM
MD
LG