Достапни линкови

ДПА бара правична распределба на буџетот


ДПА денеска на прес-конференција обвини дека Албанците во Македонија се дискриминирани на економска основа и оти од 219 поднесени, прифатен им е само еден амандман. Партијата ќе продолжи да бара фер и правична распределба на буџетот и правни механизми за да се гарантира оваа распределба.

Пратеникот на ДПА, Газменд Ајдини вели дека има јасен доказ дека за дискриминацијата што им се прави на Албанците, во економска сфера, инфраструктурата, здравството, културата, образованието, отворање нови работни места. Буџетот, рече тој, е одраз на економските и развојните политики на земјата, и како таков, не треба да биде дискриминаторски. Според партијата, од ДУИ и оваа година за Албанците не кажале ниту еден збор, туку тоа го сторил вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Еден амандман на ДПА е прифатен од 219 поднесени за ребалансот на Буџетот. Прифатен е амандманот за проширување на резервоар за вода во село Копаница, Општина Сарај.

XS
SM
MD
LG