Достапни линкови

logo-print

Укинат притворот на Палифров и Верушевска за „Пуч“


Обвинетите во случајот Пуч, Бранко Палифров и Соња Верушевска, се пуштени да се бранат од слобода. Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите да им се укине притворот, односно куќниот притвор. Како гаранција дека ќе се појавуваат на судењата двајцата обвинети оставиле недвижен имот под хипотека, а пасошите ќе им бидат одземени.

XS
SM
MD
LG