Достапни линкови

logo-print

Холандија бара руска поддршка за Суд за малезискиот авион


Холандскиот премиер Марк Руте.

Холандскиот премиер Марк Руте.

Холандскиот премиер Марк Руте денеска побарал од рускиот претседател Владимир Путин, Русија да не става вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за создавање Трибунал кој ќе им суди на виновниците за соборување на малезискиот авион пред една година. Од Канцеларијата на Руте изјавија дека тој телефонски зборувал со Путин, пред да се одржи гласањето во Њујорк подоцна денеска. Тој побарал руска поддршка да се формира Меѓународен суд. При соборувањето на авионот загинаа 298. Од Кремљ велат дека Путин му рекол на Руте дека Русија е против создавање на Трибунал.

XS
SM
MD
LG