Достапни линкови

Владата го укинува Законот за хонорарци


Се укинува спорниот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците, одлучила Владата на синоќешната седница. Сите оние кои заработуваат по основ на авторски договор или хонорар од први август нема да плаќаат придонеси за здравствено и за пензиско. Законот и покрај големото противење и протести стапи на сила со почетокот на годината, а месец дена подоцна претрпе измени.

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска објаснувајќи ја причината за укинувањетона плаќањето на придонесите на хонорарците, рече дека тоа се прави од причина што со други мерки кои ги донесе Владата се исцрпеа ефектите кои што беше предвидено да се постигнат со тој закон.

XS
SM
MD
LG