Достапни линкови

logo-print

Извештаи за смртта на Мула Омар


Авганистанската влада потврди дека талибанскиот лидер Мула Мохамад Омар е мртов од 2013, изјави еден претставник од Авганистанскиот Национален совет за безбедност за Радио Слободен Авганистан, кој инсистирал на анонимност. Тој не соопштил дополнителни детали.

Авганистанската телевизија Канал Еден јавува дека авганистанските власти веста за смртта на Мула Омар ја добиле од владата од Пакистан. Новинската агенција ДПА цитираше неименуван официјален претставник кој вели дека Мула Омар починал пред две години во Пакистан како резултат на болест. И Би Би Си јавува за смртта на талибанскиот лидер повикувајќи се на високи официјални лица блиски до авганистанскиот претседател Ашраф Гани, како и на авганистански разузнавачки извори. Портпаролот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска рече дека добиле извештаи за смртта на Мула Омар , но дека се уште се оценува извештајот.

XS
SM
MD
LG