Достапни линкови

Загинал мигрант во обид да влезе во Евротунелот


Француската полиција денеска соопшти дека откриле тело на мигрант од Судан кој починал од удар од камиот додека се обидувал да влезе во Евротунелот под Ла Манш. Починатиот имал околу 30 години, тој заедно со околу 1500 други мигранти се обидувал да стигне до Велика Британија. Повеќе од 200 француски полицајци се распоредени за да спречат обиди за илегално влегување во тунелот. Претходната ноќ повеќе од 2000 мигранти се обиделе да влезат во тунелот кој ги поврзува Франција и Британија. Од почетокот на јуни девет мигрнати загинале во обид да стигнат до Велика Британија преку Евротунелот.

XS
SM
MD
LG