Достапни линкови

Претставниците на најголемите партии не кажуваат како се одвиваат преговорите, но екпертите прогнозираат дека има напредок. Тие очекуваат меѓународен притисок за балансирање на партиските позиции.

Има капацитет за постигнување договор меѓу работните групи на потписниците на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија, иако во медиумите и во јавноста се создава атмосфера дека тоа не е остварливо, велат експертите.

Лично сметам дека преговарачките тимови се многу солидни и дека имаат капацитет да постигнат договор, особено затоа што за тоа овластување им дале и нивните лидери. Ценам дека напредок има. Тоа се надевам ќе го поздравиме деновиве барем по оние поедноставните прашања.

Претставниците на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои учествуваат во работните групи засега молчат за тоа како се одвиваат преговорите.

Професор Никола Дујовски вели дека она што медиумите го изнесуваат во последните денови е некоректно, особено оние поблиски до власта и тие ја тераат агендата пред потпишувањето на договорот. Според него, сега ситуација формално, а и во пракса треба да е поинаква.

„Лично сметам дека преговарачките тимови се многу солидни и дека имаат капацитет да постигнат договор, особено затоа што за тоа овластување им дале и нивните лидери. Ценам дека напредок има. Тоа се надевам ќе го поздравиме деновиве барем по оние поедноставните прашања, а како медиумите понатаму ќе се постават повторно ќе биде прашања на дискусија. Како и да е сметам дека напредок има, без разлика што едните или другите медиуми кажуваат“, вели Дујовски.

Сепак меѓународната заедница ќе врши притисок тие преговори во рамки на работните групи да бидат ефективни. Засега не може да се даде позитивно мислење во однос на резултатите, почетните резултати.

Според професорот Мерсел Биљали тоа што работните групи одржуваат состанок секој ден покажува оти работите не се движат во посакуваниот правец оти, како што вели претходно било најавено дека ќе имаат средби два пати неделно. Но, според него понатаму се повеќе ќе се наметнува ставот на меѓународната заедница отколку балансирање на позициите на партиите.

„Сепак меѓународната заедница ќе врши притисок тие преговори во рамки на работните групи да бидат ефективни. Засега не може да се даде позитивно мислење во однос на резултатите, почетните резултати“, вели Биљали.

Дујовски смета дека успешноста на работните групи најмногу зависи од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

„Значи кај нас и партиите се така структурирани и се зависи од тоа дали лидерите имаат желба. Се сомневам дека тие имаат желба, туку тоа повеќе под притисок ќе се прави. Но, ценам дека тоа што го работат претставниците на четирите најголеми партии покажува оти тие ќе можат да ги договорат начелните црти и тоа да го преточат во закони и подзаконски акти. Овие луѓе се сосема доволно во оваа фаза и на ова ниво да ги усогласат ставовите по многу прашања“ додава Дујовски.

Состаноците на работните групи се под посредништво на Белгиецот Питер Ван Хоуте, кој изјави дека е оптимист. Темите на расправа се изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG