Достапни линкови

Варуфакис ќе формира алијанса за Европа


Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис сака да формира алијанса за Европа, во која ќе бидат добредојдени и германските конзервативци. Тој во изјава за германското списание „Шпигел“, нагласува дека овој сојуз нема да биде партија. Варуфакис потенцирал дека тоа треба да биде вонпартиско движење, едно место за сите оние кои навистина размислуваат европски и сакаат да ја оживеат демократијата во Европа.

„Конзервативците, но и Демохристијанската унија, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле, се повикани да учествуваат во ова движење“, истакна Варуфакис.

Тој е загрижен дека европскиот континент би можел да „падне во рацете“ на антиевропејците, како што е Мари Ле Пен.

XS
SM
MD
LG