Достапни линкови

Никој не го почитува примирјето во Јемен


Последниот обид за хуманитарен прекин на огнот во Јемен не се почитува од ниту една страна во конфликтот. Ова го изјави шефот на Обединетите нации за хуманитарна помош Стивен О’Брајан пред Советот за безбедност. Според него, планот да им се достави храна и лекови на околу 3 милиони Јеменци ќе почне да се остварува само доколку запрат борбите. Тој го повтори повикот за безусловен прекин на огнот меѓу сојузниците предводени од Саудиска Арабија и шиитските Хути бунтовници во најсиромашната земја во арапскиот свет.

XS
SM
MD
LG