Достапни линкови

САД нема да го помилуваат Едвард Сноуден


Едвард Сноуден

Едвард Сноуден

Белата куќа ја отфрли петицијата со која се бара Соединетите држави да го помилуваат пребеганиот екс соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден. Неговото обелоденување на тајни разговори и преписки предизвикаа меѓународен бес и им наштети на односите меѓу сојузниците. „Тој треба да дојде дома во Соединетите држави за да му се суди за она што го стори, а не да се крие во авторитарен режим“, изјави Лиса Монако, советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама, во врска со петицијата потпишана од 168 илјади приврзаници на Сноуден. Тој во 2013 година доби азил во Русија.

XS
SM
MD
LG