Достапни линкови

logo-print

Путин на илјада годишнината од смртта на принц Владимир


Рускиот претседател Владимир Путин, заедно со поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил ја одбележа во Кремљ илјада годишнината од смртта на киевскиот принц Владимир за кој се верува дека го воведе христијанството во Русија. „Со запирање на братоубиствените војни, со уништување на надворешните непријатели, принцот Владимир ја постави основата за создавање на единствена руска нација и го отвори патот за формирање на силна, централизирана руска држава“, изјави Путин. Принцот Владимир беше голем кнез на Киев кој во 988 година ја прифати христијанската вера по што ги прекрсти киевските руси.

XS
SM
MD
LG