Достапни линкови

logo-print

Две илјади мигранти во обид да влезат во тунелот под Ла Манш


Околу две илјади мигранти само во една ноќ се обиделе да влезат во тунелот под каналот Ла Манш во близина на француското пристаниште Кале во настојување да стигнат до Британија, соопшти компанијата Еуротунел. Во овој најмногуброен обид, како што се додава неколкумина мигранти биле повредени. Мигрантите, главно од Африка, Авганистан и Блискиот исток се обидуваат да се кријат во камиони или возови кои минуваат низ тунелот. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека во вчерашниот обид биле приведени неколку десетици мигранти.

XS
SM
MD
LG