Достапни линкови

ЕК ја поддржува арбитражата меѓу Хрватска и Словенија


хрватскиот премиер Зоран Милановиќ

хрватскиот премиер Зоран Милановиќ

Европската комисија ја разбира загриженоста на Хрватска, но ја поддржува арбитражната постапка и смета дека во арбитражниот договор постојат механизми за решавање на проблемите, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева. Во исто време, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ му испрати писмо на словенечкиот колега Миро Церар во кое порачува оти арбитражата за границата меѓу Хрватска и Словенија не може да продолжи поради нарушената веродостојност на постапките. До ова дојде откако во минатата недела избувна афера кога некои весници објавија дека словенечката страна сакала да влијае врз судиите при утврдувањето на протегањето на граничната линија меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG