Достапни линкови

БиХ усвои план за реформи барани од ЕУ


Високо позиционирани претставници на Европската унија оценија дека планот за реформи, што во понеделеникот беше усвоен од Владата на БиХ, е решавачкиот чекор напред во процесот на европска интеграција на земјата, пренесоа американските медиуми.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во зедничко соопштение изјавија дека прифаќањето на планот и итното пристапување кон негова реализација е претпоставка Босна и Херцеговина евентуално да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Босанската Влада вчера го усвои планот за реформи, изготевн по консултациите со ЕУ и со меѓународните финансиски институции. Планот зафаќа социјално-економски прашања и има за цел да ја намали невработеноста во земјата, која достига 40 проценти.

Босна и Херцеговина многу заостанува зад своите соседи во процесот на интеграции во ЕУ, но ако ги исполни планираните реформи, тоа во 2016 година ќе и овозможи да се надева на статусот кандидат за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG