Достапни линкови

Прокурдските пратеници против Ердоган


Пратениците од прокурдската Демократска партија на народите ќе поднесат барање за укинување на пратеничкиот имунитет. Потпретседателот на партијата Селјахатин Демирташ изјави дека 80-те пратеници од парламентарната група утре ќе поднесат барање за укинување на нивниот пратенички имунитет.

Демирташ тоа го изјави на седница на парламентарната група, откако претходно денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган ја обвини партијата за поврзаност „со терористичките групи“, повика за судска истрага на нејзините лидери, за кои се претпоставува дека се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).

„Не сме извршиле никакви криминални дејствија. Единствен криминал ни е што освоивме 13 проценти од гласовите“, рече Демирташ.

Ердоган претходно објави крај на мировниот процес со Курдите, додавајќи дека е невозможно негово продолжување во услови кога „милитантите ги поткопуваат националното единство и интегритет“ на Турција.

XS
SM
MD
LG