Достапни линкови

logo-print

Турција нема побарано воена помош од НАТО


Турција не побарала воена помош од НАТО за борба против терористичката организација Исламска држава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по вонредната седница свикана на барање на Анкара поради засилените терористички закани по Турција.

„Турција не се обратила за воена помош. Турција е силна земја-членка на НАТО, која има втора по бројност и ефикасност армија во Алијансата“, наведе Столтенберг.

Тој додаде дека повеќето водечки земји-членки на НАТО „веќе влегуваат во меѓународната коалиција, која војува против ИД“.

Столтенберг изрази и сочувство до турскиот народ и Влада за неодамнешните напади во земјата, во кои имаше и човечки жртви.

„Тероризмот во сите форми никогаш не може да биде оправдан, НАТО ќе продолжи да пружа сестрана поддршка на Турција во борбата против тероризмот, пред се против ИД“, истакна Столтенберг.

Тој наведе дека НАТО не учествува во напорите на Турција за создавање на тампон-зона на сириската граница за борба против ИД.

XS
SM
MD
LG