Достапни линкови

НАТО ја поддржува Турција во борбата против тероризмот


Северноатлантскиот совет денеска на барање на Турција одржа консултации по терористичките напади на југоисток во таа држава.

„Остро ги критикуваме терористичките напади врз Турција и изразуваме сочувство до турската Влада и семејствата на жртвите во Суруч. Тероризмот претставува директна закана за безбедноста на членките на НАТО и на меѓунардоната стабилност и просперитет. Тоа е глобална закана што не познава граници, националност или вера, предизвик против кој меѓународната заедница мора да се бори“, се вели во заклучоци од состанокот на Советот.

Безбедноста на Алијансата е неделлива и изразуваме солидарност со Турција. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата на југоисточната граница на НАТО, соопштено е денеска од НАТО.

XS
SM
MD
LG