Достапни линкови

Ердоган објави крај на мировниот процес со Курдите


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска објави крај на мировниот процес со Курдите, додавајќи дека е невозможно негово продолжување во услови кога „милитантите ги поткопуваат националното единство и интегритет“ на Турција.

Турско-курдскиот мировен процес започна кон крајот на 2012 година, по што на почетокот на следната година Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на огнот и започна со повлекување на своите борци во северен Ирак. И покрај почетниот напредок, во последниве месеци мировните преговори западнаа во ќорсокак.

XS
SM
MD
LG