Достапни линкови

logo-print

Буџетски ребаланс во шпиц сезона, без опозиција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Кого ваква клучна работа интересира во шпиц летна сезона башка што во Комисиите на Собранието на Македонија се расправа без опозиција која, според власта е виновна за се а се сонча по грчки плажи. Албанските ДУИ и ДПА пак си се караат кој колку им дал на Албанците.

Без суштинска расправа за тоа што ќе донесе ребалансот на буџетот, се одвива комисиската расправа за трошењето на државните пари. Во отсуство на најголемата опозициска партија, членовите на комисијата за финансирање и буџет од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги фалат успесите на владата, а за неуспесите ја обвинуваат опозицијата, додека пратениците од албанскиот политички блок меѓусебно се обвинуваат кој што направил, односно не направил за Албанците. Опозициската ДПА обвинува дека распределбата на народните пари е дискриминаторска за Албанците, додека владејачката ДУИ ги набројуваше своите успеси.

Откога го постигнавме политичкиот договор најверојатно побитно им беше да бидат на плажите во Грција, отколку да присуствуваат тука и да расправаме за ребалансот на буџетот за 2015 година кој пред сè го носиме во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ дека не се заинтересирани за буџетот.

„Откога го постигнавме политичкиот договор најверојатно побитно им беше да бидат на плажите во Грција, отколку да присуствуваат тука и да расправаме за ребалансот на буџетот за 2015 година кој пред сè го носиме во интерес на граѓаните на Република Македонија“, рече Мукоски.

СДСМ, пак, преку партиско соопштение реагира дека испаничен од потпишаниот договор за преодна влада, „Груевски со Ставрески сака да ги доразграби граѓаните, пред конечно да бидат развластени“.

Што се однесува до дебатата во Собранието и зошто е таа таква, би кажал дека тоа е така затоа што нашите партии не се партии што се грижат за интересот на народот, односно граѓаните, туку се партии што се грижат само за теснопартиските интереси.

„Понудениот ребаланс е само уште еден чекор во проектот на кумашинската двојка „Немаме за леб, а трошиме за чоколади“. Со ребалансот продолжува економското исцрпување на граѓаните и на стопанствениците“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ вели дека кај граѓаните секогаш има интерес како се трошат нивните пари, но оти треба да се има предвид и моментот во кој се носи ребалансот – го објавија на ден пред продолжен викенд, во сезона на летни одмори и во услови на отсуство на опозицијата во собранието. Сето тоа влијае на намалување на медиумскиот интерес, вели тој.

„Што се однесува до дебатата во Собранието и зошто е таа таква, би кажал дека тоа е така затоа што нашите партии не се партии што се грижат за интересот на народот, односно граѓаните, туку се партии што се грижат само за теснопартиските интереси. ДПА, на пример, зборува за етнички компоненти на буџетот, што е тотално нон-сенс, но тие тоа го зборуваат затоа што на тој начин добиваат политички поени. Политичките поени тие ги добиваат на тие прашања, не ги добиваат на прашања што се однесуваат на благосостојбата или стандардот на живеење на луѓето“, вели Јовановиќ.

Во последниве неколку години распределбата на народните пари не поминува без проблеми. При носењето на буџетот за 2013, на 24 декември 2012 година, власта со сила ги исфрли опозициските партии од собранието. По политичкиот договор меѓу власта и опозицијата, буџетот за 2014 беше донесен во редовна постапка и во присуство на опозицијата, но по ланските избори СДСМ повторно го бојкотира парламентот, а лани и ДПА ја напушти работата на собранието во знак на протест поради тепачка меѓу пратеници на ДУИ и ДПА во собраниската комисија за финансирање и буџет.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG