Достапни линкови

Смртна казна за синот на Гадафи


Либискиот суд денеска го осуди на смртна казна синот на Моамер Гадафи, Саиф-ал Ислам, за воени злосторства и обиди да се запрат протестите во 2011 со кои се стави крај на владеењето на Гадафи. Тој е осуден во отсуство во Триполи, затоа што веќе четири години го држат поранешни бунтовници во регионот Зинран, регион врз кој централната власт нема контрола. Судот во Триполи осуди на смртни казни за исти обвиненија уште седум поранешни функционери за времето на Гадафи, меѓу кои и поранешниот шеф на разузнавачката служба и поранешниот премиер. Пресудите мора да бидат потврдени од либискиот врховен суд.

XS
SM
MD
LG