Достапни линкови

НАТО вонредно заседава на барање на Турција


НАТО денеска ќе одржи вонреден состанок за ситуацијата во Сирија. Турција бараше состанок повикувајќи се на точка четири од Атлантската повелба што се активира кога некоја членка ќе пријави дека е загрозена. Анкара на тој потег се реши откако воената авијација почна воздушни удари врз позиции на милитантите на Исламската држава и на курдските бунтовници во соседна Сирија. Во соопштението на НАТО се вели дека Алијансата „многу внимателно ќе ги следи случувањата и ќе биде солидарна со Турција“.

XS
SM
MD
LG