Достапни линкови

САД и Турција: границата со Сирија без ИД


Соединетите држави и Турција се согласиле да се обидат да ги истераат милитантите на Исламската држава од сириската територија по должината на турската граница. Со тоа, како што се наведува, би се создала безбедна зона за илјадниците сириски бегалци и би се прекинале рутите преку кои ИД се снабдува со опрема и странски припадници. Американски официјални претставници наведуваат дека разговорите со Анкара се однесуваат на делот од границата од стотина километри која се уште е под контрола на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG