Достапни линкови

logo-print

Грција почна преговори со доверителите


Грчката влада покрена сложени преговори со доверителите за кредитната помош и тоа соочена со критики поради наводите дека поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис имал тајна група за планирање за префрлање на финансиите од евра на драхми. Министерот за финансии Еуклидис Цакалотос синоќа изјави дека во Атина почнале состаноци на грчки официјални претставници и преговарачките тимови што ги застапуваат доверителите и оти преговорите ќе бидат интензивирани во вторник. Со тоа е отворен пат за разговори на повисоко ниво, веројатно кон крајот на неделава. Пред почетокот на разговорите во Атина, беше објавена снимка на која Варуфакис договара таен план за враќање на драхмата. Опозицијата побара од премиерот Алексис Ципрас да им објасни на пратениците дали знаел за постапките на неговиот поранешен министер за финансии.

XS
SM
MD
LG