Достапни линкови

logo-print

Чешка и Австрија заедно против имигрантите


Чешка и Австрија планираат да испратат полицајци и мешовити австриско чешки патроли на границата на Унгарија со Србија и во Македонија за да им помогнат на тамошните власти во сузбивањето на нелегалната миграција. Ова вчера го договорија министрите за внатрешни работи на двете земји Јохана Микл Лајтнер и Милан Хованец. „Основна задача на мешовитите патроли е борбата против криминалот во пограничните области и борбата против шверцот на луѓе. Тоа сојузништво меѓу Чешка и Австрија може да помогне во решавањето на проблемот со бегалци во Унгарија, Србија и Македонија“, изјави австриската министерка.

XS
SM
MD
LG