Достапни линкови

logo-print

Додека се чека соработка на надлежните министерства од Грција и Македонија околу миграциската криза, граѓаните сами, побрзо и поквалитетно веќе соработуваат.

Нов поголем бран од илјадници мигранти се очеува да пристигне во Македонија преку Грција и Турција на почетокот на септември. Македонските активисти добиле предупредување од нивните колеги во Грција дека е можно јужната граница да се обидуваат дневно да ја поминат и до 4 илјади луѓе.

Пред некој ден имавме случај жена со две бебиња близначиња кои имаа едвај 40 дена, и грчките активисти нас не известија дека ќе доаѓа жената, се работеше за критичен случај, затоа што патуваше сама, и ние жената ја пречекавме и собравме облека за бебињата и за неа и се што и беше потребно.

Викендов дел од волонтерите и претставници на невладини организации беа на средба со нивните грчки колеги во Солун. Грчките активисти им објасниле дека очекуваат зголемување на бројот на мигранти што се обидуваат да влезат во Македонија поради завршувањето на сезонските работи, па со крајот на летото ќе се зголеми и миграцијата на бегалци кои привремено се обиделе да заработат пари во Грција и Турција.

Габриела Андеевска од Солидарност вели дека додека се чека соработка на надлежните министерства од двете земји, да се договорат кога да почнат преговори за институционална соработка околу миграциската криза, граѓаните сами, побрзо и поквалитетно веќе соработуваат.

Грчките волонтери ги информираат нивните македонски колеги каква е состојбата во меѓуграничната зона и ги предупредуваат што да очекуваат и каква хуманитарна помош ќе им биде потреба на мигрантите кога ќе ја преминат границата.

„Пред некој ден имавме случај жена со две бебиња близначиња кои имаа едвај 40 дена, и грчките активисти нас не известија дека ќе доаѓа жената, се работеше за критичен случај, затоа што патуваше сама, и ние жената ја пречекавме и собравме облека за бебињата и за неа и се што и беше потребно“, раскажува Андреева.

Таа веќе со месеци работи како волонтер на железничката станица прво во Демир Капија, а сега во Гевгелија каде им дели храна и вода на мигрантите. Таа вели дека на средбата во Грција се договориле набрзо да изготват и интернационална брошура која ќе им ја делат на бегалците. Во неа ќе бидат напишани законските одредби кои се однесуваат на мигрантите во земјите низ кои тие се движат како и за можните опасности кои ги демнат.

„За Македонија конкретно би ги предупредиле да не поминуваат низ Лојане. Бидејќи има се уште бегалци кои што не прашуваат тоа, велат мора ли да одиме низ Лојане.Таа информација ја добиваат најверојатно од некои криумчари па се обидуваме да ги предупредиме уште во Гевгелија и во Табановце да го избегнуваат Лојане.“

Кризата со бегалците кои минуваат низ Западен Балкан покажа дека солидарноста и хуманоста на граѓаните не познаваат ниту граници, ниту вера или националност. Албанци и Македонци секојдневно се организираат и заедно рака под рака им помагаат на мигрантите долж транзитната рута. Многумина од нив ги оставаат секојдневните обврски и времето го поминуваат со бегалците.

„Преку ден една група дели храна и вода, навечер се повторува тоа и секоја вечер освен Црвен Крст, и двајца или тројца лекари волонтери кои што помагаат при преврски, некоја температура кај деца мали или дехидрација, проблеми со кои се соочуваат секој ден. “

Доктор Реџеп Етеми кој работи како волонтер на железничката станица на Табановце вели дека граѓанските активисти се организираат во групи во зависност од бројот на возови кој пристигнува со бегалци. Се дели храна, вода и медицинска помош.

„Преку ден една група дели храна и вода, навечер се повторува тоа и секоја вечер освен Црвен Крст, и двајца или тројца лекари волонтери кои што помагаат при преврски, некоја температура кај деца мали или дехидрација, проблеми со кои се соочуваат секој ден. “

Семејства со мали деца секојдневно минуваат покрај нашите куќи, а дождливото време им го отежнува патот на мигрантите, вели еден жител на Лојане, што неодамна го сретнавме при посета на селото

.„Пред некоја вечер, имаше голем дожд, имаше едно семејство што помина со новороденче, го прибравме дома, па ако сака полиција нека ми затвори куќа, бебето имаше седум дена. “

Волонтерите кои им помагаат на мигрантите велат дека им е потреба дополнителна помош и донации во храна и вода во Гевгелија, затоа што таму сега е најкритично. Тие додаваат дека е крајно време институциите да се вклучат и да ја преземат нивната работа.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG