Достапни линкови

Русија ќе стави вето на резолуција за малезискиот авион


Рускиот амбасадор во ОН вели дека Москва ќе стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за создавање на трибунал кој ќе ги гони виновниците за соборување на малезискиот патнички авион над источниот дел на Украина во јули 2014 година.

Амбасадорот Виталиј Чуркин вели дека ако резолуцијата усвои доволно гласови за да биде усвоена, Русија ќе стави вето. Во авионската несреќа загинаа 298 луѓе. Украина и многу западни влади сметаат дека авион е соборен од страна на проруските сепаратисти. Русија негира каква било вмешаност, a за падот на авионот ги обвинува украинските сили.

XS
SM
MD
LG