Достапни линкови

Обама ги критикуваше републиканските кандидати


Американскиот претседател Барак Обама денеска ги критикуваше републиканските кандидати за следен претседател, велејќи дека некои нивни изјави би биле смешни, да не се тажни. Обама во една од првите реакции за својот наследник рече дека Америка заслужува подобро од претендентите за кандидати како што се Мајк Хакаби, Доналд Трамп и Тед Круз. Тој вели дека тие кандидати ја нарушуваат долгата американска традиција да не се поигрува со важни теми како што е надворешната политика.

XS
SM
MD
LG