Достапни линкови

logo-print

Русија забрани увоз на цвеќе од Холандија


Русија го забрани увозот на сечено цвеќе од Холандија. Руското надзорно тело за земјоделство соопшти дека холандските цвеќиња биле заразени со забранети организми. Забраната би можела да ја чини Холандија десетици милиони долари годишно.

Односите меѓу Москва и Холандија се затегнаа минатата година по соборувањето на малезискиот авион над источниот дел на Украина. Најголем дел од загинатите патници беа холандски граѓани, а Западот тврди дека авионот бил соборен од страна на проруските сепарати.

XS
SM
MD
LG