Достапни линкови

Казахстан формално стана членка на СТО


Казахстан формално стана членка на Светската трговска организација (СТО), откако Советот на организацијата го прифати членството по речиси 20 години преговори. Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев беше присутен на настанот на кој Организацијата го прифати Казахстан како членка. Земјата се согласи да ги намали увозните царини и да преземе понатамошни чекори за да привлече повеќе странски инвеститори.

Казахстан започна преговорите за членство во СТО во 1996 година, но преговорите беа постојано во застој, делумно поради членството на Казахстан во Евроазиската економска унија, предводена од Русија. Откако ќе се потпише и ратификува договорот, Казахстан ќе стане 162 членка на СТО.

XS
SM
MD
LG