Достапни линкови

Стејт департментот го објави извештајот за трговија со луѓе


Американскиот Стејт департмен денеска го објави својот годишен извештај за трговија со луѓе. Тајланд остана на листата на најлоши земји кои не почитуваат ни минимум стандарди во борбата против трговија со луѓе и покрај официјалните напори на Бангкок. Во извештајот се бара од властите во Тајланд да ги испитаат функционерите соучесници во трговијата со луѓе. Критиката од Стејт департментот доаѓа и покрај острите мерки против трговијата со луѓе во Тајланд во мај и јуни, кога беа обвинети 72 лица, меѓу кои и 15 државни функционери. Американските власти велат дека овие мерки дојдоа прекасно за да се смени нешто во новиот извештај. Од друга страна, Куба и Малезија се отстранети од црната листа.

Извештајот за трговија со луѓе е еден од неколкуте годишни извештаи за човекови права издадени од страна на Стејт департментот.

На глобално ниво, се верува дека повеќе од 20 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе.

XS
SM
MD
LG