Достапни линкови

Главниот осомничен во случајот Литвиненко не може да сведочи


Главниот осомничен во истрагата за смртта на поранешниот руски офицер за безбедност, Александар Литвиненко во 2010, изјави дека руските власти не му дозволиле да сведочи во истрагата за случајот во Лондон. Дмитри Ковтун денеска изјави дека треба да добие дозвола бидејќи со сведочењето во Лондон ќе ризикува кршење на обврската за доверливост на руските власти кои го истражуваат случајот. Ковтун до утре треба да сведочи. Ковтун и неговиот колеа, Андреј Луговој, се бараат од страна на Велика Британија, за наводно труење на Литвиненко во хотел во Лондон. Литвиненко на смртна постела го обвини рускиот претседател Путин дека го наредил неговото убиство.

XS
SM
MD
LG