Достапни линкови

Хрватска излегува од арбитражниот договор со Словенија


Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и претставниците на парламентарните партии денеска се усогласија Хрватска да излезе од арбитражниот договор со Словенија за границата во Пиранскиот Залив. Милановиќ по состанокот на новинарите им изјави дека усогласувањето траело кратко и истакна дека не го интересира дали словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец ќе поднесе оставка.

„Хрватска не може да остане во спогодбата за арбитража. Постапката е контаминирана. Хрватска излегува од договорот според прецизните правила на меѓународното право“, рече Милановиќ.

Арбитражниот суд се наоѓа во непријатна ситуација, можеби ни крив ни должен, но немам одговор како тие се чувствуваат, наведе хрватскиот премиер и истакна дека целата ситуација е непријатна и за Хрватска и за Словенија, односно дека е неодржлива.

XS
SM
MD
LG