Достапни линкови

logo-print

Утре почнуваат преговорите во Грција


Утре во Грција ќе почнат преговорите меѓу Атина и кредиторите на техничко ниво, соопшти официјален претставник на грчкото Министерство за финансии.

На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и трудовите реформи, јави дописникот на МИА од Атина.

Министерството за финансии исто така соопшти дека прашањето за дополнителни реформи не е покренато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии, Еуклид Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.

XS
SM
MD
LG